Мајами не запира, 22-ра последовна победа за Леброн и екипата

Екипата на Мајами го совлада Торонто со 108:91, со што ја запиша 22-та победа во низа и на вечната листа се израмни со Хјустон.Инаку апсолутниот рекорд на лигата е во сопственост на ЛА Лејкерс од времето кога беа предводени од Вилт Чемберлен – Лејкерси од ноември 1971 до јануари 1972 година забележале 33 победи во низа.Мајами во Торонто ја запиша 51-та победа оваа сезона, екипата до триумфот ја предводеше Двејн Вејд со 24 поени и девет асистенции. Одличен натпревар одиграа и Леброн Џејмс (22 поени, 12 скокови, 8 асистенции), Реј Ален (20 поени), односно Крис Бош (18 поени). Руди Геј го предводеше Торонто со 27 поени и 8 скокови.Милвоки не се откажува од осмата позиција на истокот, Бакси го совладаа Орландо со 115:109. Неверојатен меч одигра Монта Елис (39 поени, 6 скока, 6 асистенции), кој помош доби од Ерсан Иљасова (20 поени, 11 скокови) и Брендон Џенингс (15 поени, 11 скокови). Кај Орландо се истакнаа Арон Афлало (24 поени) и Никола Вучевиќ (20 поени, 15 скокови).Расел Вестбрук и Кевин Дурент искомбинираа 66 поени, а Оклахома победи во Далас со 107:101. Вестбрук мечот го заврши со 35, а Дурент со 31 поен. Дирк Новицки со 23 и Винс Картер со 18 поени се истакнаа во екипата на Далас.ЛА Лејкерс и без повредениот Коби Брајант забележаа победа над Сакраменто со 113:102. Ветеранот Ентоан Џејмисон со 27 поени и девет скока беше најефикасниот играч на ’езерџиите’, поен помалку кај Сакраменто постигна Ајзеа Томас. Резултати од другите натпревари:ЛА Клиперс-Њујорк 93:80Хјустон-Голден Стејт 78:108Минесота-Њу Орлеанс 97:95Бруклин-Атланта 93:105.
MакфаксЕкипата на Мајами го совлада Торонто со 108:91, со што ја запиша 22-та победа во низа и на вечната листа се изра

Пронајдете не на следниве мрежи: