Мајката која работи не сака празни зборови

Многу жени имаат гризење на совеста кога, на пр., мора да ги остават своите деца за да заминат на работа. Овие грижи, всушност, може да продолжат не само додека детето е во градинка, туку и кога тоа веќе ќе појде на училиште.
Во врска со ова, блогерката Џенифер Барбин реши да направи свој список од 13 забелешки што мајката која работи не сака да ги чуе.
„Јас сум мајка со три деца и со постојана работа, веќе подолго време. И, луѓето постојано ми поставуваат прашања и ми даваат свои, несакани мислења. Иако повеќето луѓе немаат намера да бидат груби или осудени, секогаш ме изненадува кога ќе слушнам нешто што треба да чувате на себе“, вели Барбин во воведот од својот подолг напис.
Следува списокот на 13 најчести несакани забелешки и нејзините сатирични, саркастични и, по малку, зајадливи одговори на сѐ тоа…
1. „Ја видов вашата ќерка денес во автобус. Плачеше. Мислам дека ѝ недостигате“.
– Благодарам, се чувствувам „многу подобро“ по овие информации. Дали има нешто друго што сакаш да ми кажеш, како на пр., дека можеби таа нема да може да се справи со наставната програма или дека емоционално ќе биде повредена до крајот на животот?
2. „Не можев да дозволам некој друг да ги гледа моите деца“.
– Да, јас оставам други луѓе да ги носат „сите одлуки“ за моите деца. Јас „немам никаква врска“ со состаноци со родители, на пример, ниту со родендени, забави, ниту со домашни задачи, ниту со одењето на доктор, ниту пак со какви било родителски грижи… „Не гледам“ ист цртан филм по 100 пати. И, никогаш не ги прашувам како го поминале денот. Не, „немам никаква врска“ со моите деца.
3. „Не знам како го правите ова со работата. Би се чувствувала многу виновна“.


– Се чувствувам виновна, но може да се чувствуваме и ужасно. Купете ја мојата книга „Ослободете се од вината! Станете горда мајка која работи во 12 лесни чекори“ (тоа беше бесрамна шега, знам).
4. „Имате доверба во бебиситерката, зарем не?”
– Ох, не, воопшто „не“ ѝ верувам. Само објавив оглас за вработување и ја зедов првата што побара најниска плата. Но, ви благодарам што ме направивте сомничава.
5. „Честитки за Вас што ја ставивте својата кариера во прв план!”
– Да, да… Се будам секој ден и размислувам: „Најважната работа во мојот живот е мојата кариера. По ѓаволите со семејството. Нема никаква врска со тоа – зошто работам!“
6. “Јас би дал сѐ на светот, некој да ме ослободи од моите деца барем еден ден.”
– Ако навистина мислите така, испратете ми го вашето „си-ви“ и можам да ви помогнам. Но, запомнете! Оваа „слобода“ доаѓа со сите свои проблеми. Ние не заминуваме од дома за да одиме во сауна. Тоа се вика „работа” и има причина за тоа.
7. „Би ми недостигало моето дете, премногу, ако по цел ден не го гледам…“
– Да, „не“ знам какво е тоа чувство… Затоа што сум рамнодушна мајка, лишена од мајчино чувство.
8. „Не знам како го правите тоа. Мора да е многу тешко“.
– Тешко е. Не знам како го чинам тоа. Но, не мислам дека работата е проблем затоа што родителството е тешко, без разлика дали останувате дома или одите во канцеларија. Не знам како кој било го прави тоа. Тоа е една толку славна и толку наградувана работа, и полна со љубов, а во истовреме, е и најтешкото нешто што кога било сум го направила досега…
9. „Мора да бидете многу организирани за да воспоставите рамнотежа во сè“.
– Оваа забелешка ја сакам и ја мразам истовремено. Јас сум организирана и постигнувам многу во една седмица. Но, исто така, знам дека сум на родителски состанок и покрај тоа што немам време за ништо… Не се разликувам многу од сите други.
10. „Изгледаш уморно“.


– Е, ти благодарам! Сега се чувствувам „многу подобро“! И сега, ќе ми ги причуваш ли децата викендов за да лежам во бањата, да одам на маникир и да се наспијам? Не? Тогаш те молам, не кажувај ѝ го тоа на мајка со постојана работа.
11. „Секогаш има време за работа, па и подоцна. Нивните рани години се бесценети.”
– Зошто?! О, зошто ова никогаш никој не им го рече на татковците? Всушност, имам многу посебни мигови со моите деца. Кога син ми е во креветот и ми кажува дека сум најдобрата мајка на целиот свет, или кога ќерка ми се насмевнува и ќе рече: „Те сакам“.
12. „Нели те загрижува ако нема да бидеш тука кога ќе им затребаш на своите деца?“
– Само затоа што одам на работа, тоа не значи дека не сум тука за децата. Погледни ги работите малку поприбрано!
13. „Јас сум изненадена што ти се враќаш на работа. Твојот сопруг изгледа толку успешен“.
– Зошто мислиш дека знаеш зошто одам на работа? Некои жени, просто, сакаат да работат и, жал ми е што не сте една од нив.
На крајот, блогерката нагласува дека овие прашања и забелешки, коишто постојано ги слушаме, не треба да бидат исполнети со срам, туку со поддршка.
„На крајот на краиштата, сите ние сме мајки. Ги сакаме нашите деца и сите сакаме сѐ најдобро за нив. Сите ние го правиме она што треба да го направиме за нашите семејства, но сите сме различни. Значи, ајде да се поддржуваме едни со други и да се разбереме, без разлика дали сме останале дома, работиме дома, надвор од домот или нешто помеѓу тоа“, заклучува Барбин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.