Мајката на Александра Пријовиќ испрати емотивна порака! Овие зборови ќе ви го допрат срцето: Кој нема ќерка е без потомство! (фото)

Најголемиот поддржувач на Александра Пријовиќ е нејзиното семејство. Нејзините најблиски патуваат со неа на сите концерти во рамки на турнејата „Од исток до запад“. Таа е исклучително блиска со сите, а има посебен однос со нејзината мајка Борка Михајловиќ.Пејачката пораснала со неа во Белиот манастир и уште како мало девојче и’ кажало дека еден ден ќе пее во белградска арена. Нејзиниот сон се оствари, а Борка плаче од среќа на речиси секој концерт на нејзината ќерка.Сега со објава на Инстаграм и’ се обрати на својата мила со емотивни зборови.– Еден поет рекол: Кој нема ќерка е без потомство. И да има сто сина. Ќерките се богатства полни со сочувство и малку искрена и посветена љубов. Семејствата кои се благословени со ќерки се како небо украсено со ѕвезди.Александра на еден од концертите зборуваше за нејзината мајка и за тоа како се жртвувала за неа.– Сега ќе кажам едно… Кога се натпреварував во „Ѕвездите на Гранд“ мајка ми остана без работа бидејќи секој викенд ме возеше на натпреварот. Таа ја жртвуваше својата работа за мене и се разбира, понекогаш ни беше тешко финансиски. И тетка ми беше таму. Никогаш нема да заборавам кога таа испрати пари за да можам да купам фустан за настап. Ви благодариме што дојдовте овде од Германија. Ви благодарам многу за честа што ми ја укажавте овде. Ви посакувам на сите секогаш да плачете од такви убави причини и од среќа. Те сакам – рекла Александра на концерт, додека Борка еднаш истакнала дека секогаш била борец за своето дете.– Секој родител е способен да направи сè за своето дете затоа што не се откажува од своето дете. Јас сум храбра жена, отсекогаш сум била храбра и борец и денес би постапила така иако се омажила и фала богу има свој брак и сè, не се откажувам од неа – изјави Борка.

Пронајдете не на следниве мрежи: