Мајката на Кацифас кој беше убиен од албанската полиција се заканува дека ќе го убие Еди Рама

Засилено е обезбедувањето околу домот на албанскиот премиер Еди Рама и ограничено му е движењето во јавноста, по јавно упатената закана од мајката на Констандинос Кацифас дека ќе ја одмазди крвта на синот. Мајката на Кацифас, кој беше убиен во престрелка со полицијата, на 40-дневниот помен одржан вчера во родното село Буларат, низ лелек пред гробот на синот вети дека ќе одмазди.
– Ќе го убијам Еди Рама. Ми го зеде мојот херој. Јас ќе ја платам крвта на син ми, порача мајката на Кацифас. Оваа изјава, според весникот „Коха јон“ надлежните служби ја сфатиле многу сериозно, односно како многу сериозна закана по живот. Министерството за внатрешни работи, албанската тајна служба ШИШ и државната полиција бројно ја зголемија стражарската служба кај куќата на премиерот Рама во Сурел и го ограничија неговото јавно движење. Тројно е зголемено обезбедувањето и на придружбата на Рама.
-Сомневајќи се дека ултранационалистичките грчки кругови можат да помогнат во ова сценарио, албанските тајни служби поставија агенти за контрола на движењето на мајката на Кацифас. Службите се сомневаат дека таа тајно може да дојде до главниот град на некоја активност на премиерот, пишува „Коха јон“.
Доверлви извори од Владата за весникот велат дека е зголемена контролата врз секој функционер, особено жените, кои влегуваат во Владата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.