МАЈКАТА НА МАРИЈА ВО СОЛЗИ РАДОСНИЦИ, ТАТКОТО ВО ШОК – тој не знаел дека ќе добие внук, еве во каков однос е со пејачката!

Пријателите и обожавателите ја споделуваат радоста со популарната пејачка, честитки стигнуваат од сите страни, но Верица во овој момент е на седмото небо. Стана баба, го доби првото внуче… Има ли среќа?


Деновиве никој не е посреќен од Марија Шерифовиќ, бидејќи нејзиниот долгогодишен сон конечно се оствари. Синот Марио се роден на почетокот на декември во клиника во Лос Анџелес, каде Марија отпатува во ноември со нејзината мајка Верица, нејзината најголема поддршка во животот.

Пријателите и обожавателите ја споделуваат радоста со популарната пејачка, честитки стигнуваат од сите страни, но Верица во овој момент е на седмото небо. Стана баба, го доби првото внуче… Има ли среќа?

Таа беше со својата ќерка во најважниот момент во животот – кога за прв пат го држеше бебето во раце. Солзите потекоа сами, бидејќи Марија ја исполни својата голема желба. Своевремено ѝ ја посвети песната „Пепелашка“ која стана голем хит. Дали наскоро ќе и пее нешто на својата внука?

Верица само кратко проговори за регионалните медиуми:

– Јас сум најсреќната жена на светот! Имам внуче! Јас сум во Америка и не би зборувала повеќе. Само сакам сите да знаат колку сум горда, изјави пејачката

Нејзиниот поранешен сопруг Рајко Шерифовиќ за медиумите ги раскажа своите први впечатоци, не криејќи дека е во шок.

– Марија ми забрани да давам изјави, но вака сакам да ви кажам дека сум најсреќниот човек на светот и дека сето тоа го направила без да знам. Среќен сум што ме повика да го видам детето. По 18 години некако воспоставивме односи, а таа и нејзината мајка ме поканија да се видиме.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.