Ме приведоа затоа што извикував Македонија. Ова е диктатура!, изјави Маја Трпковска, мајка на крвнички убиениот Пино која беше приведена во полициска станица. Таа била приведена заедно со уште две лица бидејќи, како што велат од МВР, не почитувала полициска наредба и го нарушиле јавниот ред и мир.
– Во 17.45 додека во центарот на Скопје се одржувала манифестација поврзана со вежбата “Одлучен удар“ три лица Н.О. , М.Т. и Д.Д. го нарушиле јавниот ред и мир и не почитувале наредба на полициски службеници односно ја попречувале полицијата во извршување на службени дејствија. Лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат од МВР.
Пронајдете не на следниве мрежи: