Дијана Ѓоковиќ, мајката на најдобриот тенисер во светот Новак, за светски познат магазин даде интервју во кое зборуваше за моментите од кариерата на Србинот.
Мајката на Новак кажа дека не е фер тоа што публиката повеќе ги почитува Надал и Федерер, а тоа не го прави и со Ѓоковиќ.
„Новак постојано работи на себе, посебно кога игра со Надал или Федерер, зашто тоа се посебни натпревари. Ми кажа дека ќе биде тешко против Федерер на претпоследниот вимблдон, зашто не е првпат да навиваат сите за Швајцарецот. Чувствувам како публиката повеќе ги почитува Федерер и Надал, а тоа не го прави со Новак. Го почуствував тоа во Австралија, Њујорк, Лондон, Париз… Не знам што е разликата, едноставно луѓето не го почитуваат. На сите им беше добар Новак додека не стана најдобар. Јас сакам да ми е детето само здраво и претпоставувам дека може да игра најмалку до 35 години“, порача Дијана.