Наеша Лампкин (24) од Њујорк е обвинета дека ја загрозила безбедноста на своето дете (2), оставајќи го затворено во кафез во нивната семејна куќа.
Американската полиција во четвртокот, на 16 мај, објави дека мајка била уапсена откако нејзиниот син бил пронајден во ужасни услови, со модринки по целото тело. Подоцна било констатирано дека тој претходно имал скршеница на две веќе споени ребра, што укажува дека повредите настанале многу порано.
На распитот мајката рекла дека момчето ги повредило ребрата кога паднало од скали на крајот на минатата година или на почетокот на оваа година, но дека не мислела дека неговите повреди се „страшни“, поради што не го однела на лекар.
При лекарска проценка во болницата, медицинскиот персонал потврдил дека двегодишното дете има „модринки по лицето и телото“. На детето му се констатирани и две скршени ребра кои заздравуваат, а според нивните проценки, повредата настанала помеѓу десет дена и две недели пред детето да пристигне во болница, соопшти полицијата.
Несреќното момче било откриено откако полицијата дошла да ја уапси неговата мајка на почетокот на годинава на друга основа. Кога пристигнале во куќата за да ја уапсат, го пронашле нејзиниот двегодишен син во посебна спална соба во „импровизиран кафез“ направен од игралиште кое било покриено со парче креветче врзано од три страни.
Во соопштението се наведува дека во кафезот немало доволно место за детето „да застане или да излезе од кафезот“. Полицијата сподели фотографија од малиот кафез, на која се гледаат парчиња сиво креветче врзани заедно во едно. Ѓубре и фекалии биле расфрлани низ целиот кафез, се наведува во полицискиот извештај, во кој се додава дека измет бил извалкан и на ѕидот до него.„Имаше остатоци од храна.”
Полицијата во извештајот навела дека малото дете и кафезот биле покриени со „човечки измет и урина“. ,,Имаше некои изговори зошто детето беше така во тој кафез. Ниту една од нив не беше добра причина. Да бидеме искрени, ниту едно дете не заслужува да живее така”, додал О’Калаган.
Инспекторите на местото на настанот ги повикале Службите за заштита на децата од округот Ири и ЕМС во домот за да го лекуваат детето. Детето потоа било пренесено на лекување во детската болница Оишеи, соопшти државната полиција. Според американскиот закон, доколку судот ја прогласи мајката виновна, таа се соочува со затворска казна до една година.
Пронајдете не на следниве мрежи: