Момчето било пронајдено во автомобил во близина на крајбрежниот залив во областа Ратмојлан во петокот рано наутро, соопшти полицијата.
Рут Персел Хили, од Ватерфорд, е обвинета за убиство на Метју Хили во селото Ратмојлан на 8 или 9 февруари, а денеска се појави на суд во Ирска обвинета за убиство на нејзиниот шестгодишен син.
- Путин до Шолц: Москва е подготвена за преговори кои ги почитуваат руските интересиРускиот претседател Владимир Путин за време на разговорот со германскиот канцелар- прочитај повеќе
- Трамп: Војната меѓу Русија и Украина мора да престанеНовоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во четвртокот изјави- прочитај повеќе
- Скопјанец тешко повреден: Го боделе со нож и го тепале поради недоразбирање во сообраќајотСВР Скопје поднесе кривична против Е.А.(31) од Скопје поради постоење основи- прочитај повеќе
- Вкусен милиброд со џем од јагодиПотребни состојки: 150 мл млеко 150 мл јогурт 100 мл масло- прочитај повеќе
- Кромид печен во фолија: Вреди да пробатеИако не звучи многу примабливо, овој рецепт вреди да се подготви- прочитај повеќе
На 37-годишната жена и’ беше одреден притвор во затворот Лимерик кога се појави во Окружниот суд во Вотерфорд во вторникот вечерта.
Полицијата го пронашла Метју во автомобил во близина на морскиот залив во раните утрински часови во петокот по полициска потера.
Тој бил префрлен во Универзитетската болница Ватерфорд каде и покрај напорите на лекарите да го стабилизираат, нешто по 02:00 часот била констатирана смрт.
Детективите продолжуваат да ја истражуваат смртта, изјави портпаролот на Гарда.
Оддадена е почит на Метју, кој играше за локалниот фудбалски тим Парк Ренџерс АФЦ во Фејтлег.
Портпаролот на клубот рече: „Со голема тага дознавме за трагичната смрт“.
– Метју беше член на нашиот тим до 7 години. За жал ќе им недостигаат соиграчите и тренерите. Нашите мисли се со неговите најблиски во ова незамисливо тешко време.
За него во саботата вечерта се одржа бдение во Соборниот храм Света Троица.
Неговиот погреб треба да се одржи денеска.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.