Мајка или лоша вештерка: Ги заклучила 3-годишната ќерка и 2-годишниот син, и девет дена си била кај љубовникот

Дваесетгодишна Украинка ги заклучила своите деца во станот и заминала кај љубовникот. Синот починал шест дена подоцна, а ќерката три дена живеела покрај неговото тело.
Владислава Подчапко (20) девет дена ги оставила своите две деца сосема сами и заминала кај љубовникот. Шест дена по нејзиното заминување 23-месечниот син починал од глад. Од полицијата рекле дека не знаеле дека децата можат да умрат.
Ќерката Ана (3) и синот Данил, Владислава ги заклучила во својот стан во Киев за да биде со  љубовникот. Малиот Данил умрел од глад шест дена подоцна, а неговата сестра Ана била со мртвото братче уште три дена.
Децата се обидувале да излезат од станот, но не можеле да ја отворат вратата затоа што била заклучена. Соседите ги слушнале како плачат и повикале полиција, но таа не дошла.
Откако децата биле пронајдени, девојченцето веднаш било однесено во болница. Иако било во многу лоша состојба и изгладнето, за среќа лекарите успеале да го спасат.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.