Иако се знае многу за одредени детали од животот на актерката Деми Мур (61), факт е дека многу луѓе немаат поим колку всушност и бил тежок и полн со трауми и проблеми животот.Деми Мур е родена како Деми Џин Гејнс на 11 ноември 1962 година во Розвел, Ново Мексико од мајка Вирџинија и татко Чарлс Хармон. Нејзиниот татко ја оставил нејзината мајка кога таа била бремена во третиот месец, поради што Деми го зема презимето на нејзиниот очув, Дени Гејнс.Тешкото детство на познатата актеркаКако дете и тинејџер, таа се преселила повеќе од 20 пати, бидејќи нејзината мајка и очув биле зависни од алкохол. Кога имала 12 години, нејзината мајка за прв пат се обидела да се самоубие, а Деми за овој настан напишала во своите мемоари „Inside out“.– Се сеќавам со моите прсти, малите прсти на детето, ги копав апчињата што мајка ми се обиде да ги голтне – пишува таа во своите мемоари, кои им ги посвети на ќерките и мајката.Кога наполнила 16 години, решила да го напушти домот, надевајќи се дека ќе си создаде подобра иднина за себе. Станала пин-ап девојка за да заработи и го напуштила училиштето за да врзе крај со крај, пишува Nationaltoday. Ја силувале на 15 годиниКога имала 15 години, маж, кој и дал на мајка и 500 долари, ја силувал во нејзината родна куќа.Откако ја силувал, Мур тврди дека мажот рекол дека нејзината мајка му ја продала. Во книгата таа пишува:-Тоа беше силување. И погубното предавство, откриено со суровото прашање на мажот: „Какво е чувството да се биде жена со лесен морал од мајка за 500 долари?“.Сепак, таа вели дека не верува целосно во неговата приказна, но дека и понатаму е лута на нејзината мајка што свесно ја ставила во опасност.Бракови и разводиКога имала само 18 години, Деми се омажила за Фреди Мур, со кој била во брак од 1980 до 1985 година, а по разводот го задржала неговото презиме. За време на бракот со Фреди, Деми доби шанса да игра во сапуницата „Општа болница“, која во тоа време беше најгледаната дневна серија. Ја играше младата новинарка Џеки Темплтон и улогата и донесе голем успех.Потоа почнала редовно да користи кокаин, а на инсистирање на продуцентот на „St. Elmo’s Fire“, Крег Баумгартен, за првпат отишла на рехабилитација. Љубов со Брус ВилисВо деведесеттите немаше попознат пар од Деми Мур и Брус Вилис . Тие се венчаа во 1987 година и за време на бракот добија три ќерки – Румер, Скаут и Талула. Иако сите веруваа дека нивниот брак е хармоничен, парот се разведе во 2000 година.Сепак, Деми и Брус останаа одлични пријатели по разводот. На Брус неодамна му беше дијагностицирана афазија, поради што мораше да се повлече од актерството. Тој сега поминува време со сегашната сопруга Ема Хеминг Вилис и Деми Мур и децата.Брак со 15 години помлад актерДеми Мур беше во брак со 15 години помладиот Ештон Качер од 2005 до 2013 година. Бебето што го очекуваше со Кучер го загуби во шестиот месец од бременоста. Сепак, таа не се откажала повторно да стане мајка и се впуштила во шест-седум циклуси на ин витро оплодување, кои очајно не успеале.По разводот, Ештон отишол на планина за да се справи со емотивната драма. Тој наводно бил отсутен од сите една недела, но актерката истакнала дека мора да се справи со последиците од неговото однесување во бракот. Деми пишувала за нивниот брак во своите мемоари „Inside out“ и никогаш не криела дека нејзиниот сопруг ја изневерил. Таа откри и дека Ештон бил манипулатор и дека барал од неа да прави разни трикови во кревет.– Беше толку понижувачки и одвратно, се уште имам трауми од нашата врска – рекла актерката.По Ештон, Деми беше во врска со познатиот готвач Даниел Хјум, но нивната врска не траеше.
Пронајдете не на следниве мрежи: