Две кичевчанки – мајка и ќерка, ќе одговараат за кривично дело насилство, откако, вооружени со тврди предмети, влегле во двор од куќа во градот и натепале две други жени, соопшти МВР.
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И.(52) и А.И.(27), двете од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 09.04.2025 во двор од куќа на С.П., по претходна расправија, пријавените физички ги нападнале С.П. и Ј.Д., двете од Кичево, при што употребиле и тврди предмети“, пишува во полицискиот билтен.



