Тежок случај на злоставување во Загреб, во кој 37-годишна мајка ги скршила рацете и нозете на својата ќерка која немала ни две години, ја шокираше Хрватска, но и цел регион. Мајката е осудена на 5 години затвор, максимална казна која е предвидена со Кривичниот закон за вакво злоставување.
Како што пишува во пресудата, таа на девојчето му ги скршила коските на рацете и нозете, детето било неухрането, мајката го оставала само дома и го чувала во морничави услови.
Девојчето е родено во 2015 година. Има оштетување на кичмата поради што редовно треба да оди на терапија. Но, мајката која имала проблем со алкохолот, тоа не го правела. Во пресудата стои дека и хигиената во станот била лоша, пишува “Телеграм.хр“.
Сосетката истакнала дека во станот се пушело и било навистина задимено. Мајката не му посветувала внимание на детето и не водела сметка детето да оди на прошетки. Девојчето главно било дома и гледало телевизија. Кога ќе се вратела дома, мајката често знаела да биде груба кон девојчето. Ѝ ги скршила и коските на десната подлактица, двете коски на долниот дел од левата подлактица, како и коските на долниот дел од десната подлактица. Повреденото дете жената не го носела веднаш на лекар. Откако во јануари 2017 година го однела на лекар, веднаш била уапсена.
Се правдала со зборовите: „Не го носев детето редовно на терапија затоа што се плашам од јавен превоз. Тоа ми е дијагностицирано. Затоа морам да молам некој да ме однесе, но во тоа немам среќа. За такси немам пари“.
За време на постапката вештакот опишал какви последици оставило врз девојчето мајчиното малтретирање.
Едната нога, со оглед на тоа дека коските ѝ биле скршени, за време на растот ѝ останала еден сантиметар пократка. Насанираните повреди на зглобовите исто така може да го загрозат нејзиниот раст. Тие повреди, според зборовите на вештакот, настанале од влечење, притискање или свиткување на рацете на детето. Поради тие повреди, девојчлето кое во мај 2017 година наполнило 2 години уште не можело самостојно да седи. Ѝ бил забавен невромоторичкиот развој. Не можело ниту да оди. Откако било згрижено во дом за деца било утврдено и дека не зборува. Проодело дури откако било разделено од својата мајка.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.