Мајка од Австралија откри дека корисниците на социјалните мрежи ја нарекувале„чудовиште“ затоа што избрала да го отстрани белегот на лицето со кој се родило нејзиното бебе, а оа го направила со ласер и само за да му помогне на своето дете.
33-годишната мајка Брук Аткинс (33) од Голд Коуст, го добила своето второ дете, машкото бебе по име Кингсли пред шест месеци.
Откако се родил Брук, таа и нејзиниот партнер Квен Валас забележале голм белег на неговото лице кое зафаќа половина од неговото лице.
Ваквите белези кои се добиваат по раѓањето обично се безопасни, но доколку се над окото и лието, може да предизвикаат глауком и Стурџ Вебер синдром.
Ова може да предизвика напади и други попречености додека глаукомот може да предизвика слепило.
На Кингсли му биле дијагностицирани и двете.
„Работата со дамките е тоа што тие со текот на времето може да станат поагресивни, што значи дека ќе се променат и потемнуваат со текот на времето“, рече Брук, која исто така е мајка на Амарни (2).
„Тие можат да го оштетат лицето и да крварат, а тогаш е многу тешко да се третира и ласерот едвај има некаков ефект, бидејќи кожата е веќе премногу оштетена“.
Токму затоа оваа мајка се одлучила за ласерски третман на детето.
„Кога се роди, бевме упатени во детската болница во Квинсленд за дерматологија и васкуларно одделение, каде што го организираа првиот третман и подетално ни објаснија зошто ласерот би бил важен.
Целта на ласерските третмани не е да се „отстрани“ родениот белег, туку да се одржи кожата здрава, за да се спречи понатамошно оштетување на областа“.
Откако објавила дека му направила ласер на бебето, таа добила многу критики од кориниите на социјалните мрежи.
„За среќа, после секој негативен коментар, имаше 100 позитивни, па тоа многу помогна!
Само посакувам овие луѓе да знаеја за здравствените проблеми поврзани со овие типови на белези пред да ги напишат овие работи, дека ова не беше од козметички причини и дека за нас како родители, ова беше најтешката одлука што моравме да ја донесеме“.
„Ова патување за нашето семејство штотуку започна и има долг пат пред нас, но ние ќе продолжиме!
Над 20 состаноци во болница, две различни болници, над 10 различни специјалисти и лекари, пет различни медицински одделенија, три МРИ, еден ултразвук, два теста на слухот, две операции, два ласерски третмани и три дијагнози, сите за шест месеци – сепак тој е најсреќното, најсаканото и најслаткото момче што некогаш ќе го запознаете!’
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.