Мајка на две деца е волонтер за вакцината против смртоносниот вирус

Џенифер Халер е храбрата 43-годишна мајка на две деца, која прва ја прими вакцината против новиот смртоносен вирус што сега повеќе од ва месеци владее со светот. Откако тим од американски научници и доктори од истражувачкиот институт Кајзер Перманент од Вашингтон ја создадоа вакцината, почна првата фаза од имунизацијата за заштита од Ковид-19.

Четворица волонтери, меѓу кои прва беше Халер примија доза од вакцината, по што таа изјави:
Целиот свет се чувствува беспомошно. Ова е одлична можност да сторам нешто, изјави Хелер по примањето на вакцината.
Нејзините две деца-тинејџери сметаат дека нејзиниот потег е cool, и што нивната храбра мајка е дел од студијата која има за цел да го победи вирусот.
Научниците од Институтот Кајзер Перманент од Вашингтон се нарекоа себе си „Коронавирус тим“, а лидерот, Д-р. Лиза Џексон изјави дека секој од нив сака да стори многу повеќе во време на вонредна состојба со која се соочува светот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.