Мајка на четири деца советува: „Не прашувајте ги трудниците кога им е терминот“

Џесика Офер, мајка на четири деца, смета дека постои едно нешто за време на бременоста што ја надминува постојаната потреба за мокрење, отечените зглобови, болките, па дури и непроспиените ноќи. Според неа, нешто што најмногу ги иритира трудниците е прашањето кога им е терминот за породување.
Мајка на четири деца советува: „Не прашувајте ги трудниците кога им е терминот“
На листата со непосакувани прашања се наоѓаат и „Дали носиш близнаци?“ и „Зар уште не се породи?“.


„Како што наближува крајот на бременоста, жените мораат да се носат со разни коментари, а она што навистина треба да се случи е сите едноставно да замолчат. Женскиот стомак не е јавна сопственост за којашто треба да коментирате“, изјавила Џесика.
Секоја нејзина бременост траела подолго од 40 недели, а 4-тото дете го родила дури во 44-тата недела.
„Верувајте ми, знам што значи да се биде нестрплив, фрустриран, заморен, загрижен, да се носите со болката и да не сакате ништо освен да го родите детето. Овие прашања додатно фрустрираат и не помагаат никому.“
Од друга страна, постојат прашања кои идните мајки ги сметат за добри. Слободно викнете ги на ручек или понудете помош откако ќе се роди детето. Ова ќе им го подобри расположението и е навистина корисно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.