Мајка по 22 години дознала дека ќерката која ја израснала не е нејзина

Дорис Грунвалд и нејзината мајка Евелин добија отштета од 30.000 евра од болницата во Грац, откако беше откриено дека на Евелин при породувањето случајно и го замениле детето, објави „Сан“.
Работите се разоткриле откако Дорис отишла да донира крв, при што дознала дека има друга крвна група, сосема поразлична од нејзините родители. Потоа направија ДНК тест и дознала дека не е во крвно сродство со родителите.
-Цело тело ми се тресеше, чувствував како да го губам тлото под нозете, изјави Дорис откако дознала дека 22 години ја чувале други родители.
Евелин, пак, изјави дека сето ова е голем шок за неа и нејзината ќерка.


-Но, уште од почетокот знаевме дека нас ништо нема да не раздели и дека ќе останеме мајка и ќерка. Ова дете е најубавата работа која некогаш ми се случила, рече таа.
Дорис уште не знае кои се нејзините биолошки родители, а Евелин кое е нејзиното биолошко дете.
-Имаше 15 предвреме родени деца од кои и неколку близнаци, така што дел од нив влегуваат во најтесниот избор, изјави Евелин, која предвреме се породила.
Таа додаде дека болницата одбила да и даде попис на имињата поради заштита на приватноста.
-Секогаш кога ќе видам некои кои ми се пријатни, се прашувам дали тоа ми се родителите, тоа прашање секогаш е присутно во мојата глава, рече Дорис, додавајќи дека сепак Евелин е нејзина мајка и секогаш ќе и биде.
Кога цела приказна беше обелоденета, неколку жени кои се породиле во исто време кога и Евелин, доброволно биле на ДНК анализа, но немало совпаѓање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.