Мајка со нејзиното 6-месечно бебе спасени од под урнатините во Турција 29 часа по земјотресот

Мајка и бебе беа спасени од под урнатините во Хатај, Турција.

Околу 29 часа по катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер, Хулја Јилмаз и нејзината ќерка Ајше Вера беа живи извлечени од страна на спасувачите. Видеа и фотографии од моментот на спасување на 30-годишната мајка и 6-месечното бебе се шират на социјалните мрежи, давајќи им надеж на сите луѓе кои трагаат по најблиските кои сè уште се заробени под рушевините.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.