Златан Ибрахимовиќ е една од најинтригантните личности меѓу спортистите и тоа го покажува од интервју во интервју. Така, сега, за време на американската турнеја низ Милано, клубот во кој работи како советник на сопственикот Џери Кардинале, зборувал за многу чувствителната тема – религија, поради која многу луѓе дури и го замразиле во минатото.
Навикнати сме Златан Ибрахимовиќ со години да провоцира христијански празници и со тоа да го навлече гневот на верниците, но тој речиси никогаш јавно не проговорил за својот став на оваа тема. Сега Златан го отворил срцето за „Атлетик“ и се обидел на сите да им пренесе што навистина мисли на темата која ги интересира луѓето од памтивек, а сè уште е предмет на расправии, па дури и раскол во општеството. Златан воопшто не го интересира тоа …
„Златан, ти си син на католичка и муслиман – дали си религиозен?“, гласело прашањето на новинарот на кое Ибрахимовиќ имал подготвен одговор: „Не. Јас верувам само во почит. Па така доколку кажам ’само Бог може да ми суди‘, кого воопшто го таргетирам со тие зборови?“, порачал Златан и објаснил дека иако ги има истетовирано тие зборови, тие не се упатени до неговите критичари, туку нему.
„Ќе ти дадам совршен пример. Кога брат ми почина, тој имаше леукемија. Каде беше Бог да му помогне? Секој ден му благодариш на Бога, му се молиш на Бога. Каде беше тој Бог тогаш? Во мојот свет, јас сум мојот сопствен Бог Во тоа верувам и тоа е дел од моето размислување“.
Златан исто така додал дека има будистички тетоважи на грбот и дека намерно ги ставил таму за „да не ги гледа секој ден“ затоа што едноставно би се изморил, додека пак додава дека неговото детство кое било тешко, одиграло важна улога во создавањето на неговата личност. Златан е роден во Малме, но од брак на југословенски имигранти – мајката Јурка е Хрватка, а таткото Шефик од БиХ – кој заминал во Скандинавија во потрага по подобар живот.