„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада мајка на едногодишно девојче настрада во пожарот

Трагедијата која го погоди Кочани и целата земја остави неизлечива рана во срцата на сите нас.

Моника Спасова го изгуби својот живот токму во моментите кога најмногу требаше да се радува. Само една година по раѓањето на нејзината ќеркичка, младата мајка настрада во кошмарниот пожар кој изби во дискотеката „Пулс“.
Нејзината мајка Верица со болка во срцето напиша трогателна порака за најмилата Моника:

„Мајкино око, оти ми побегна. Мајкино око како ќе живеам без тебе. Мајкино око кој ќе гушнам место тебе. Мајкино око душата ми е распарчена.“

Моника беше дипломиран инспектор по криминалистика и пред само еден месец го славеше првиот роденден на ќеркичката Мила.

„Непребол, најдлабоко сочувство. Царство Небесно Моника ангелу“, „Се скршивме сите, загуба е голема. Не можам да поверувам“, „Не можам да поверувам, девојче мило, девојче убаво, дека веќе те нема. Нема утеха, Бог да ја прости и нека биде ангел со ангелите“ и „Лесна ти земја ангелу!“ се дел од коментарите полни со сочувство кон мајката на Моника.

Пронајдете не на следниве мрежи: