Мајките ја “нападнаа” старлетата: “Како успеваш да се грижиш за бебето?”

Клои Кардашијан е критикувана на социјалните мрежи откако објавила фотографија од својот маникир.
Клои објави фотографија од своите беспрекорно средени долги нокти, па иако фотографијата собра преку милиони лајкови, некои мајки остро ја критикуваа.
Со оглед на тоа дека ријалити ѕвездата е мајка на 10 месечната Тру, поставено ѝ беше прашањето како успева да менува пелени и да се грижи за ќерката со толку долги нокти.

 

View this post on Instagram

 

Thankful you picked me ?

A post shared by Khloé (@khloekardashian) on


“Како менуваш пелени?”, “Како успеваш да ја искапиш и воопшто да се грижиш за ќерката со такви нокти”, прашале жените.

 

View this post on Instagram

 

❣️

A post shared by Khloé (@khloekardashian) on


Клои после бројните прашања одлучила да даде одговор: “Толку ме нервира кога луѓето зборуваат за моите нокти. Верувајте ми, успевам да правам се. Како што се грижам за себе, се грижам и за бебето. Постојат многу посериозни теми за кои треба да се дискутира”, рекла Клои.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.