Мајките можат да пренесат доживотна заштита против инфекции на бебињата преку доењето, покажува нова студија на меѓународен тим научници предводени од Универзитетот во Кејптаун.
Претходно се веруваше дека имунитетот против болести се пренесува од мајките на доенчињата само во текот на доењето, дека заштитата завршува кога ќе престане доењето. Исто така се веруваше дека имунитетот се пренесува од мајчините протеини како антитела кои имуниот систем ги користи за да ги неутрализира бактериите и вирусите.
Но, новото истражување објавено во Science Advances откри дека трансферот на имунитетот може да биде долгорочен, над периодот на доењето. Истражувањето исто така покажува дека оваа заштита е проследена со трансфер на имуни клетки и е целосно независна од антителата.
-Преносот на имунитет од мајка на дете преку доење е многу важен извор на заштита од рани инфекции. Дури и изложенста на инфекција пред бременост може да доведе мајката да пренесе долготрајни придобивки за имунитетот на нејзиното бебе. Ова е неверојатно и додава нова димензија на разбирањето како мајката може да влијае на нашето здравје, вели д-р Вилијам Хорснел од Институтот за инфективни болести и Молекуларна медицина и Имунологија на Универзитетот во Кејптаун.