Мајкл Корс – човекот кој ја купи модната куќа Версаче и ѝ го промени името

Американскиот моден гигант, Мајкл Корс го потврдил превземањето на Версаче, за 2,1 милиони долари, со што вознемири некои фанови на оваа модна куќа.
На креативната директорка, Донатела Версаче ѝ припаѓала цела компанија од убиството на нејзиниот брат Џани, во 1997-ма година. “Versace” е во сопственост на семејството, дури 80%, а останатите 20% ги поседува приватна компанија “Blackstone Group”.
“Донатела ќе продолжи да ја води креативната визија на компанијата”, рекол извршниот директор на Мајкл Корс, Џон Идол.


Г-дин Идол рекол дека Версаче претставува “синоним за италијанскиот моден луксуз”, а неговото купување било важен пресврт за компанијата, која ќе се преименува во “Capri Holdings”.
Новиот сопственик планира да го зголеми бројот на продажни места Версаче, за 200 до 300 продавници. Покрај тоа, планира да го зголеми прометот за 2 милијарди долари, со делумно зголемување на процентот на чевли и аксесоари, кои се достапни и полесно се продаваат.
Мајкл Корс е познат како луксузен бренд, иако е помалку ексклузивен, а неговите ниски цени опфаќаат поголема клиентела. Минатата година го купил брендот “Jimmi Choo”, за речиси 900 милиони фунти.


Кој е Мајкл Корс?
Мајкл Корс е роден во 1959-та година, на Лонг Ајленд, во Њујорк. Студирал глума, но на 14 години одлучил да стане моден дизајнер. Се запишал на “Fashion Institute of Technology”, во Њујорк, но после 9 месеци го напуштил образованието и се вработил во “Lothar’s boutique”, во Менхетен.
Корс во 1981-ва година го започнал својот прв бренд за женска облека.
Корс подоцна работел за “Chapter 11”, во 1993-та година, но и таа работа ја напуштил во 1997-ма година, кога повторно лансирал свој бренд со пониски цени. Корс бил и првиот дизајнер за женска облека – “Ready to wear”, во луксузната модна куќа “Celine”.
Ја напуштил модната куќа “Celine” во 2003-та година, за повторно да се посвети на свој бренд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.