„Мајкрософт“ ги затвора своите продавници

„Мајкрософт“ денеска објави дека ќе ги затвори сите свои продавници и ќе има само онлајн продажба, како дел од својата стратегија за промена во делот на малопродажбата.
Како што се наведува, компанијата нема да отпушти вработени во текот на оваа програма. Наместо тоа, вработените во продавниците ќе преминат на работа во корпоративните згради на компанијата.
„Мајкрософт“ исто така наведува дека ќе ги зголеми инвестициите во Мајкрософт.ком, како и во продажбата на Иксбокс и Виндоус.
Технолошкиот гигант додава дека неговите продавници се затоврени од март поради пандемијата на коронавирусот, а дека неговите вработени успеале да обезбедат онлајн поддршка за клиентите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.