Мајмунот живеел повеќе од две години со свински бубрег, а експертите велат дека „забележителните“ резултати даваат надеж за користење на свински бубрези кај луѓето. Дваесет и еден мајмун макаки добиле органи од генетски модифицирани минијатурни свињи Јукатан.
Научниците направија 69 генетски модификации за да го спречат отфрлањето на бубрезите и да го продолжат животот. Ова вклучува елиминирање на вирусите на свињите и отстранување на гените за да не ги кодираат антигените што човечкиот имунолошки систем ги напаѓа, предизвикувајќи отфрлање на органите.
- Македонецот Стефан Ефремов меѓу 12 финалисти на IDJ Show – да го поддржиме младиот музички талент
- ,,Го посакувам тоа…” Бил Клинтон проговори за неговото познанство со осудениот педофил Епштајн и посетите на неговиот остров: Во своите нови мемоари опиша сè детално! (фото)
- Хороскопски знаци кои никогаш не ги изневеруваат партнерите
- Автобус на ЈСП излета на патот Раштак-Булачани
- САД најавуваат воена помош од 425 милиони долари за Украина
Други модификации го таргетираа генот на свинскиот ендоген ретровирус, за кој истражувањата сугерираат дека може да зарази човечки клетки. Човечките гени додадени на свињите исто така помогнаа да се продолжи опстанокот на бубрезите. Во случаите кога биле додадени седум човечки гени, стапката на преживување се зголемила седум пати, според научниците од Медицинскиот факултет Харвард и биотехнолошката компанија eGenesis.
Свињите се најпогодни донатори
Просечното преживување било 176 дена, а еден мајмун преживеал 758 дена. Извршниот директор на eGenesis, Мајкл Кертис, рече дека тоа е „извонредна пресвртница“ што ги носи човечките тестирања на генетски модифицирани свински бубрези еден чекор поблиску.
Тој додаде дека тоа „го отвора патот до подобри резултати за безброј поединци на кои им е потребна трансплантација на органи за спасување“. Професорот Тацуо Каваи од Медицинскиот факултет Харвард најави дека резултатот кај луѓето веројатно ќе биде уште поповолен отколку кај мајмуните.
Свињите се најпогодни донатори поради фактори како што се нивната големина и сличностите со човечките органи, но запирањето на отфрлањето на трансплантацијата е предизвик со децении. Сепак, неодамнешната работа за уредување на гени и техники за потиснување на имунолошкиот систем е охрабрувачка.
Две лица имаа свинско срце: првата личност почина два месеци по операцијата во 2022 година, додека втората доби нов орган минатиот месец. Медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд, кој ги изврши двете операции, соопшти дека мажот „продолжува да закрепнува и почнал со физикална терапија“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.