Напаѓачот Килијан Мбапе се согласил на значително намалување на платата при неговото преселување од ПСЖ во Реал Мадрид, тврди Скај Спортс. Се очекува 25-годишниот Французин да потпише петгодишен договор со Шпанците за плата од 15 милиони евра по оданочување.
Играчот ќе добие и 150 милиони евра како бонус за потпишување.
Според Скај Спортс, платата на Мбапе во ПСЖ во сезоната 2023/24 изнесувала 75 милиони евра годишно. Фудбалерот доби и 30 милиони евра од парижаните во вид на бонус за потпис.
Мбапе најави дека ќе го напушти ПСЖ како слободен играч на крајот од сезоната 2023/24. Најверојатно, напаѓачот кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. На 16 мај беше објавено дека се очекува „белиот балет“ официјално да го објави договорот со играчот пред почетокот на ЕП 2024 година.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.