МВР апелира: Граѓаните да не отвораат сомнителни пораки

Министерството за внатрешни работи на Македонија ја информира јавноста дека на неколку граѓани и правни лица им биле испратени лажни покани од сторители кои лажно се претставуваат во име на Министерството за внатрешни работи и на ЕВРОПОЛ во врска со наводна истрага која е во тек.„Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на вакви измами и Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе ги презема неопходните мерки и активности за законско санкционирање на сторителите.„Секторот за компјутерски криминал апелира до граѓаните и правните субјекти да не отвораат документи прикачени на пораки кои не доаѓаат од проверени и познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од овој тип, а правните лица да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален злонамерен софтвер, согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност“, велат од македонското Министерство за внатрешни работи.

Пронајдете не на следниве мрежи: