МВР: ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лаги!

Министерството за внатрешни работи апелира до партијата ВМРО-ДПМНЕ да престане да пласира лаги, чија цел е дискредитирање на полицијата. И денеска, преку соопштение пласираат лаги за наводна поврзаност на МВР со бегство на лицето Наим Самиу, иако надлежен за определување мерка притвор е единствено – судот.
Наместо да шират лаги за МВР, упатувајќи небулозни прашања на погрешна адреса, прашањата да ги упатат до надлежниот суд. А фактите говорат дека полицијата постапи по сѐ што е донесено како одлука од судот.

Со воз од Берлин до Париз за осум часа
Берлин и Париз наскоро ќе бидат поврзани со нова дневна железничка линија. Патувањето ќе трае околу осум часа, а првиот воз ќе тргне во декември, објавија Германски железници, пренесува ДПА. „За прв …
Скопјанец со фалсификувани евра си купил автомобил во Кавадарци
СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.И.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 01.04.2024, при купопродажба на возило во Кавадарци, пријавениот пуштил во оптек …

Токму по поднесена кривична пријава од страна на СВР Тетово на 16 август 2023 година, на Самиу му бил определен активен притвор, а на 29 септември 2023 година од страна на Основниот суд Тетово мерката активен му е заменета со мерка куќен притвор. Покрај ова, ја известуваме јавноста дека против Самиу досега се поднесени 15 кривични пријави за вкупно 30 кривични дела, потоа 4 прекршочни пријави, како и едно писмено известување до ОЈО Тетово. Уште еден доказ кој ги демантира лагите на ВМРО-ДПМНЕ.
Апелираме до партијата ВМРО-ДПМНЕ да престанат да шират лаги. За работењето на МВР сведочат резултатите, намалениот криминалитет и големата доверба која полицијата ја има кај граѓаните.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.