МВР: Двајца лишени од слобода поради поседување на марихуана и нож

МВР: Двајца лишени од слобода поради поседување на марихуана и нож.

На 17.04.2020 во 15.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачје на Гази Баба ги лишиле од слобода Д.А.(32) од с.Петровец, скопско, и А.Ј.(32) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана и нож. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

МВР извести и за уште еден случај поврзан со поседување на марихуана. На 17.04.2020 во 15.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Шарпланинска“ го лишиле од слобода Д.Т.(22) од с.Ново Село, скопско, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.