Телото на загинатиот во вчерашната престрелка на Бит пазар е предадено на обдукција. Од лице место се прибрани траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Основното јавно обвинителство денеска соопшти дека е извршен увид на местото на вчерашната вооружена престрелка.
Од МВР, пак, појаснуваат дека две лица на мотор почнале да пукаат кон 31-годишниот Алајдин Сулејмани среде бел ден кај Бит пазар. По напаѓачите сега трага полицијата. Сулејмани беше пренесен на Ургентниот центар, каде подоцна им подлегна на повредите.
Жртвата е син на Назми Сулејмани – Аруша, поранешен командант на ОНА од Арачиново. На местото на настанот се најдени повеќе чаури, а оштетени се неколку стакла од околните продавници, како и неколку паркирани возила.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.