На 04.06.2022 околу 05 часот Ѓ. Ѓ. (49) од Битола пријавил во СВР Битола дека слушнал кршење на стакло и видел како гори пред влезната врата од објектот на Здружение на граѓани културен центар Иван Михајлов во Битола, лоциран на ул. Рузвелтова по што веднаш пријавил и во Територијалната против пожарна единица Битола.
Огнот е локализиран од страна на ТППЕ Битола, а увидната екипа на СВР Битола во координација со дежурен јавен обвинител од ОЈО Битола извршила увид и се преземаат соодветни мерки и активности за расчистување на случајот
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.