четврток, 12 ноември 2026
Најново

МВР има залихи од обрасци за возачки дозволи за наредните три години, не е точно дека има недостаток

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите објавени на социјалните мрежи за наводен недостаток на обрасци за возачки дозволи. Ја информираме јавноста дека нема никаков недостаток туку напротив, МВР има обезбедено залихи кои се доволни за наредните три години.
Термин за фотографирање на граѓаните се добива за само еден ден, а возачките дозволи се изработуваат и издаваат за неколку дена, многу порано од законски пропишаниот рок. Апелираме да не се шират дезинформации со кои се создава забуна меѓу граѓаните, стои во соопштението на МВР.

Поврзани вести