Додека МВР го расчистува случајот со симнувањето на црковното знаме од Попова Шапка, еден од сторителите самиот на Фејсбук се пофали дека токму тој го симнал знамето.
Се работи за Јетон Абдулахи од Тетово, кој очигледно се гордее со чинот кој го изведе денеска.
Во 18.05 часот во ЦИК-Тетово, свештеникот од црквата „Св.Наум Охридски Чудотворец“ лоцирана на Попова Шапка, пријавил дека од страна на НН лице од јарболот на црквата е симнато црковното знаме и е поставено знаме на Албанија, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од министерството.
Се надеваме дека случајот ќе биде расчистен и дека сторителите ќе бидат казнети за стореното.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.