Полицијата денеска во ресторан во Куманово ја уапси градежната инспекторка Л.Т. за примање поткуп. Таа била лишена од слобода во моментот кога ги земала парите.
Овластената општинска инспекторка ја пријавил кумановец, откако таа прво му побарала 1.000, а потоа поткупот го зголемила на 4.000 евра за да не му напише дозвола за стопирање на градбата што ја градел.
„На 25.9.2024 година граѓанин пријавил дека овластениот градежен инспектор Л.Т вршела контрола на објект што тој го градел и на записник констатирала отстапување од одобрението за градбаење. За да не му издаде решение за запирање со градење и да не му поднесе соодветна пријава до надлежното ОЈО или суд, му побарала поткуп. Најпрво сума од 1.500 евра, за на 31.10.2024 година да ја покачи сумата за поткуп на 4.000 евра“, соопшти полицијата.
По добиената пријава, известено е кумановското обвинителство и се преземени соодветни мерки.
„На оштетениот му се дадени технички обработени пари, кои тој денеска во ресторан во Куманово и ги дал на Л.Т.. Откако Л.Т. ги зела парите, била лишена од слобода од страна на полициски службеници при СВР Куманово“, соопшти кумановската полиција.
По целосно документирање на случајот, Л.Т. ќе биде изведена пред надлежен јавен обвинител при ОЈО Куманово.