МВР распиша меѓународна потерница по поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски

МВР распиша меѓународна потерница по поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска го прими Решението на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, со кое предлогот за определување мерки за претпазливост против осомничен во предметот „Адитив“ се отфрла. Според обвинителството, осомничениот не е достапен на органите на прогонот.

Истрагата за случајот „Адитив“ започна на 10 овој месец, а опфаќа 23 физички и четири правни лица. Се сомнева дека тие сториле кривични дела против јавните финансии, платниот промет, стопанството, службената должност и правниот сообраќај.

Васко Ковачевски е еден од осомничените во овој предмет, а потерницата е издадена откако тој не беше пронајден од страна на органите на истрагата.

Пронајдете не на следниве мрежи: