Во текот на изминатата вечер во периодот од 22:00 до 04:00 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 185 возачи. Од нив 38 на територија на СВР Скопје, 35 на територија на СВР Куманово, 20 на територија на СВР Тетово…
Како што информираат од МВР, за време на контролата биле санкционирани и 178 други видови на прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Пронајдете не на следниве мрежи: