МВР: Скопје утре ќе биде блокирано

Поради посетата на Република Северна Македонија од страна на премиерот на Грција, Алексис Ципрас во придружба на грчка делегација, на 02.04.2019 година (вторник) ве известуваме дека во периодот од 9.30 до 20.00 часот Министерстовото за внатрешни работи ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај, сопштија од Министерството за внатрешни работи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.