сабота, 28 ноември 2026
Најново

МВР со детали за тепачката кај „Дукат“ – уапсени шест лица

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Лишени од слобода шест лица по вчерашната физичка пресметка пред угостителски објект во Скопје.

Како што информираат од МВР, синоќа (09/10.10.2025) полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.С.(23), М.З.(24), А.Ѓ.(42), И.М.(33), М.З.(55) и Б.Р.(29), сите од Скопје, постапувајќи по пријава дека околу 20:00 часот пред угостителски објект на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу лишените од слобода и неколку други лица од една страна и А.М.(40), Т.Д. (41) и М.Е. (45) од друга страна. Сите тие претходно биле во угостителскиот објект.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.

Уапсени се две лица по големата тепачка во Дукат

Поврзани вести