МВР со предновогодишна честитка: Од утре нема да важат личните документи и возачките дозволи со старото уставно

Од утре личните документи и возачките дозволи со старото уставно име нема да важат. Оние кои ќе бидат затекнати со стара возачка, ќе бидат санкционирани со парична казна од 100 евра.

На пунктовите веќе подолго време не се забележува метеж, службите функционираат со полн капацитет, а процесот на замена тече без проблеми, велат од МВР.

Согласно Преспанскиот договор, по промената на уставното име на државата, граѓаните имаа обврска да ги променат патните исправи, личните карти и возачките дозволи.

Пронајдете не на следниве мрежи: