МВР ја потврди информацијата дека 300 младинци се договориле да се песничат во АЕРОДРОМ

По добиени оперативни информации дека на 14.10.2022 околу 21 часот во трговски центар на бул.„Јане Сандански“ има поголема група на малолетници со намера физички да се пресметаат, од страна на полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Аеродром преземени се соодветни мерки и активности, но не дошло до нарушување на јавниот ред и мир.

Како во холивудски или боливудски филмови:

…во трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром се собрале огромен број на ученици, односно околу 300 на „договорена тепачка“
МВР ја потврди информацијата дека 300 младинци се договориле да се песничат во АЕРОДРОМ…

Во врска со настанот, со присуство на родители, во Полициската станица Аеродром бил извршен разговор со тројца малолетници, кои појасниле дека во трговскиот центар требало да има физичка пресметка помеѓу две групи. Се работи на расчистување на случајот…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.