– На територијата на СВР Битола денеска во времето од 14:00-18:00 спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 58 возачи.
Како што информира МВР, од нив 37 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 21 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемена безбедност во сообраќајот и придонес за посигурни патишта.