Меган и Хари ТАЈНО го направиле ОВА на денот кога се родила нивната ќерка

На денот кога Лилибет „Лили“ Дијана Маунтбатен-Виндзор е родена некој изнајмил домени со името на девојчето во име на нејзините родители Меган Маркл и принцот Хари.
Лилибет Дајана е родена на 4 јуни наутро, а домените lilibetdiana.com, lilibetdiana.org и lilibetdiana.net веќе беа издадени под закуп во тоа време, пишува „Daily Mail“.
Бидејќи парот вчера објави дека девојчето е родено, тоа значи дека најблиските пријатели, семејството и соработниците веќе биле запознати со раѓањето на кралското бебе.
Според „Daily Mail“, домените се купени преку американската компанија „Domains By Proxy“, која купува страници за сите оние кои не сакаат информации за нив да протекуваат во јавноста. Доменот lilibetdiana.co.uk исто така беше купен вчера.
Името на девојчето има посебно значење
Двојката на бебето му го даде името Лилибет Дијана Маунтбатен-Виндзор, а во изјавата рекоа дека таа е крстена прво по нејзината прабаба, кралицата Елизабета, а второ по нејзината покојна баба Дијана.
„Лили беше крстена по нејзината прабаба, нејзиното височество кралицата, чиј семеен прекар е Лилибет. Нејзиното средно име, Дијана, беше избрано во чест на нејзината сакана покојна баба, принцезата од Велс“, напишаа Хари и Меган во изјавата .
Лилибет е прекарот на кралицата Елизабета кој ѝ го дал покојниот принц Филип додека биле верени. Некои извори тврдат дека прекарот Лилибет си го дала кралицата Елизабета како дете, бидејќи таа не знаела како да го изговори своето име Елизабета.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.