Меган како принцеза заработила вртоглава сума на пари, а кога ќе дознаете колку пари има на својата сметка Кралицата Елизабета ќе занемете

Сите веќе добро знаат дека кралското британско семејство е едно од најбогатите кралства во светот.
На сметката на кралското семејство има голема сума на пари кои месечно ги добиваат членовите на семејството за нивните активности во вид на плата.


Кралицата Елизабета која е најстар монарх во светот е најбогат член во семејството, а според Форбс богатството на целото семејство се проценува околу 88 милијарди долари.
Имено кралицата Елизабета на нејзината сметка има 520 милиони долари, додека нејзиниот сопруг принцот Филип има околу 30 милиони долари.


Принцот Чарлс има околу 400 милиони долари, додека неговите синови Принцот Вилијам се претпоставува дека има околу 25, до 40 милиони долари, додека Хари се претпоставува дека има исто богатство како неговиот брат.


Хари десет години и служеше на кралската авијација за годишна плата од 53 илјади долари.
Кејт Мидлтон откако е сопруга на принцот од 2011 година се проценува дека има заработено 10 милиони долари, додека Меган засега има најмалку пари на банкарската сметка и тоа 5 милиони долари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.