Меган Маркл конечно ѝ се враќа на старата професија? Повторно станува блогерка, а еве што бара во Холивуд

Меган Маркл наводно повторно ќе почне да работи на својот лајфстајл блог. Меган својот блог го деактивирала во април, 2017-та година, пред да објави дека се верила со принцот Хари.
Блогот го водела три години и на него споделувала сè и сешто – од храна до патувања, мода, политика, едноставно била жена која инспирира.


Меган наводно повторно ќе ѝ се врати на оваа работа, а уште минатата година нејзиниот менаџер поднел документи за нејзиниот блог да може да го задржи истото име до 2021-ва година.
Покрај тоа, се наведува дека Меган сака да му се врати на актерството и да добие улоги во холивудските блокбастери со суперјунаци од франшизата на Марвел.
„Меган направи план за неколку состаноци во Холивуд. Веќе заврши со еден ангажман за Дизни во кој го позајми нејзиниот глас, а сега бара улога во филм со суперјунаци. Свесна е дека гледачите нема да можат да побегнат од фактот дека таа е Меган Маркл, но одлучна е во тоа да почне повторно да глуми и има големи цели“, рекол изворот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.