Меган Маркл не е бремена, нејзиното дете ќе го роди сурогат мајка

Во октомври минатата година официјално беше објавено дека војвотката од Сасекс, Меган Маркл и нејзиниот сопруг Хари го очекуваат првото дете. Меѓутоа различи теоретичари на заговор веруваат дека убавата Меган воопшто не е бремена и тоа поради само една причина: многу често го придржува својот стомак.
Имено, тие веруваат дека Меган го придржува лажниот стомак со цел да не ѝ падне. Корисниците на социјалните мрежи веруваат дека наместо Меган, бебето ќе го роди сурогат мајка, пишува британското Метро.
На Твитер корисниците споделуваат фотографии на кои Меган клекнува па се прашуваат како е тоа можно со оглед на тоа дека оваа положба е многу комплицирана кога сте бремена.

“Тоа би било сосема неизводливо Меган да има бебе во стомакот, а тоа само значи дека Меган не е бремена”, е само еден од многуте коментари на теоретичарите на заговор.
Постојат и такви кои забележале дека стомакот на војвотката не е секогаш во иста положба и дека многу често различно е поставен. На сето тоа додале дека Меган панично се плаши од здебелување па сигурно поради тоа побарала помош од сурогат мајка.


Оваа теорија на заговор дополнително го “загрева” фактот дека Меган пред бракот со поранешниот сопруг Тревор Енгелсон потпиша бизарен договор за бременоста во кој побарала приватен тренер и нутриционист со цел после бебето да се врати во форма.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.