На вчерашната кралска венчавка, Меган Маркл доживеала права ноќна мора. Имено, на свадбата биле присутни дури три поранешни девојки на принцот Хари.
Принцезата Јуџин се венчаше со менаџерот Џек Бруксбенк, а меѓу бројните гости, се нашле и поранешните љубовнички на принцот Хари.
Челзи Дејви, јужноафриканска адвокатка, која со Хари била околу седум години и Кресида Бонас, манекенката и актерката со која бил во врска две години, пристигнале заедно, и не сокриле дека добро се забавуваат.
Ели Голдинг, за која се претпоставува дека била последната девојка со која што се гледал Хари пред да ја запознае сегашната сопруга во 2016-та година, исто така била на венчавката. Сите три поранешни девојки на Хари биле облечени во сино, во различни нијанси.
Британските таблоиди пишуваат дека ова е прв пат Хари и Меган да се најдат на исто место со било која негова поранешна девојка, од венчавката во мај.
Принцезата Јуџин е блиска пријателка со сите три поранешни девојки на Хари, а особено со Кресида, која всушност ја споила со принцот.
Кресида и Челзи биле на венчавката на Хари и Меган. Затоа не било изненадување тоа што сите три негови поранешни девојки биле повикани и на оваа кралска венчавка, на која имало околу 850 гости.