Викторија Бекам изградила многу угледен бренд кој станал омилен избор на бројни ѕвезди, како што се Бијонсе, Гвинед Палтроу и Камерон Диаз.
Но, славната дама која никогаш нема да ја видите во креации со потпис на Викторија е војвотката од Сасекс, Меган Маркл.
Имено, во една прилика кога давала интервју за магазинот „Glamour“, Меган изјавила дека тоалетите од брендот Викторија Бекам се предолги за нејзиното тело, односно за нејзиното торзо.
„Многу ми се допаѓаат тоалетите на Викторија Бекам, но немам доволно долго торзо, со кое би ми прилегале на мојата фигура“, изјавила Меган и додала дека внимателно одбира што ќе облече, бидејќи, како и на секоја жена, често ѝ се случувало да ѝ се допадне фустан на излог, а да не ѝ прилега убаво, поради обликот на телото.
Сепак, изгледа дека Викторија тоа не го сфаќа како навреда, бидејќи Бекамови се добри пријатели со Хари и Меган, а биле и гости на нивната венчавка.