Меган се врати во Англија, сите зборуваат за нејзиниот изглед

Првпат по напуштањето на кралскиот двор и заминувањето во Канада, Меган Маркл се појави во Лондон.
Врнежливата ноќ во Англија не го расипа впечатокот кој Меган и Хари го оставија. Двајцата изгледаа самоуверено и среќно со широки насмевки на лицата.
Меган облече тесен син фустан со потпис на Викторија Бекам, додека Хари носел темносино одело.
Хари и Меган се вратија во Лондон за да ги договорат последните детали за нивната преселба во Америка, но и да ги извршат последните кралски должности , како синоќешните односно присуството на доделувањето на награда.


Парот во Лондон допатува без 10 месечниот син Арчи што кај јавноста и во кралскиот двор наиде на осуда. Дел од мислењата во јавноста се дека тоа Меган намерно го направила за да и се одмазди на крализата Елизабета Втора.
Нивните кралски должности официјално завршуваат на 31 март, по што Хари и Меган ќе продолжат со својот нов живот во Америка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.