Меган ќе се бори против ова правило на кралството

Кога Меган Маркл се венчала за Хари, ја добила титулата војвотката од Сасекс, но нејзините деца ќе бидат во поинаква ситуација. Имено, според досегашните традиционални правила, титулата војвода се пренесува само на машките деца, додека ќерките немаат никаква титула освен „лејди“, која е повеќе украсна. Тоа правило важи без оглед на редоследот на раѓање, односно ако Меган и Хари прво добијат ќерка, а потоа син, ќерката ќе ја има титулата „лејди“, додека синот ќе биде војвода.
Сепак, се очекува дека Меган, која за себе тврди дека е феминистка, ќе бара од кралицата Елизабета Втора да ги промени правилата.
Таа направила нешто слично во 2013 година кога го укинала правото за наследување на британската круна. Претходно, машките деца имале предност, што би значело дека најмалото дете на Кејт и Вилијам, принц Луис, би имал предност за наследување на круната пред постарата принцеза Шарлот.
Кралицата тоа го укинала, па малата Шарлот така станала првата членка на кралското семејство што го задржала правото за наследување и покрај помалиот брат.


Оваа постапка што го менува значењето на полот во редоследот за наследување се смета за многу важна, бидејќи покажува дека монархијата се модернизира, а влезот на Меган во семејството секако беше резултат на отстапки.
Токму затоа се верува дека нема да се дозволи никаква дискриминација во семејството на Меган и Хари. Минатата година се случило нешто неверојатно токму поради таквото правило: кога починал баронот Брејбрук, кој имал седум ќерки и ни еден син, неговиот имот и титула ги наследил далечен роднина, додека седумте ќерки не добиле ништо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.