Медведев во Пекинг, ќе ги продлабочува односите со Кина

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, пристигна во Пекинг на дводневни разговори со кинеските лидери. Посетата на Медведев е дел од продлабочувањето на односите меѓу Москва и Пекинг. Двете страни ветија дека ќе го зајакнат „неограниченото партнерство прогласено во февруари 2022 година, непосредно пред целосната инвазија на Русија во Украина.

Рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов го посети Пекинг во октомври и двете страни рекоа дека нивните состаноци се фокусирале на „значајни разговори“ за одбранбените и воените прашања за зајакнување на врските.  Медведев, поранешен претседател на Русија, е еден од најгласните поддржувачи на операцијата на Москва во Украина.

Пронајдете не на следниве мрежи: